Потпишан најголемиот договор во историјата на американскиот спорт

Шохеи Отани го потпиша еден од најголемите договори во спортската историја.

Отани ќе им се приклучи на Лос Анџелес Доџерс, се договори за десетгодишна соработка вредна 700 милиони долари.

За споредба, Леброн Џејмс и Мајкл Џордан заедно заработиле 628 милиони долари во текот на своите кариери во НБА лигата.

Јапонецот е најдобриот бејзбол играч во светот, а во последните пет години играше за Лос Анџелес Ејнџелс.

Отани го потпиша најголемиот договор во историјата на американскиот спорт, од претходниот рекорд е посилен за 300 милиони долари.

Договорот на Отани е поголем за 64% во однос на претходниот рекорд вреден 426,5 милиони долари, што ги доби Мајк Троут од Ејнџелс во 2019 година кога потпиша 12-годишен договор.

„Ветувам дека секогаш ќе го правам најдоброто за тимот и дека секогаш ќе продолжам да давам сè од себе за да бидам најдобрата верзија од себе. Сакам да одам напред не само за Доџерс туку и за светскиот бејзбол“, напиша Отани на социјалните мрежи.

Отани е роден на 5 јули 1994 година, неговата мајка играла бадминтон, додека татко му работел во локална фабрика за автомобили и бил аматерски бејзбол играч.

Отани важи за најдобар бејзбол играч во светот, во 2021 и 2023 година едногласно беше избран за МВП, а беше втор во 2022 година.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Останати спортови

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Read more

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Read more

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе