Потврдена одлуката за Иловица, ќе се побара проверка на капиталот на концесионерот

Премиерот Зоран Заев денеска од собраниска говорница, одговарајќи на пратеничко прашање рече дека ќе побара од надлежните институции да се провери потеклото на капиталот на компанијата која ја имаше концесијата за рудникот „Иловица“.

Пратеникот Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ го праша премерот Заев дали институциите кои што се под надлежност на Владата, Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и Агенцијата за финансиско разузнавање, од април минатата година до крајот на оваа година извршиле истрага за потеклото на капитал на „Галена“, која го има под концесија рудникот „Иловица“.

– Потеклото на капиталот на самите фирми, јас ќе побарам и од УЈП и од финансова полиција, како институции под Владата, да биде проверено, рече Заев потсетувајќи дека согласно нашиот закон од 2018 офшор компанијата е должна да го објави својот сопственик. Ако има индиции за какви било незаконски дејствија, спомнувате офшор компании, да се проверат таквите компании. Ние со тој правен субјект немаме во моментот ништо освен правно формално правни постапки, досега судски, сега владини постапки, дополни Заев.

На седницата тој соопшти дека вчера второстепената владина комисија повторно ја потврдила одлуката за укинување на концесијата за рудникот „Иловица“. Заев потсети дека инвестицијата во рудникот „Иловица“ е почната во време кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ и оти не се завршени најголем дел од обврските кон државата.

– Бидејќи „Иловица“ исполнила само две, а осум од бараните законски обврски не исполнила државата донесе одлука да ја укине концесијата и договорот со компанијата. Тие како инвеститори имаа право да го обжалат тоа на второстепената комисија, изгубија, тужеа на Виш управен суд и на Управен суд. Од формална природа е вратен предметот на повторно одлучување во второстепена комисија и вчера второстепената комисија повторно ја потврди својата одлука дека концесија за „Иловица“ нема затоа што и не може да има. Второ, многу е значаен и еколошкиот апскет, но, пред сѐ , нема и ќе нема затоа што не се исполнети правните законски обврски за да има концесија за „Иловица“, рече премиерот.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе