Повеќе од половина од заложниците што ги држи Хамас се странци од 25 различни земји, соопшти израелската влада.
Според извештаите, меѓу заложниците има 54 државјани на Тајланд, 15 Аргентинци, 12 Германци, 12 Американци, 6 Французи, 6 Руси и 5 државјани на Непал, пренесува Indeks.
Се верува дека многу од нив имаат двојно израелско државјанство, но некои, како што се тајландските и непалските заложници, речиси сигурно немаат. Тајланд е еден од најголемите извори на работници во Израел, со дури 30.000 вработени во земјоделскиот сектор, според владините податоци.
Израелската влада, исто така, изјави дека 328 лица од 40 земји биле потврдени убиени или исчезнати во нападот на Хамас.
Меѓу државите кои претрпеа големи загуби се Соединетите Американски Држави со 34 мртви и 5 исчезнати, Украина со 25 мртви и 2 исчезнати, Франција со 23 мртви и 1 исчезнат и Русија со 23 мртви и 4 исчезнати.