Повеќе оздравени од заболени пациенти со COVID-19

Скопје, 20 август 2020 (МИА) – Минатата недела се регистирани повеќе оздравени пациенти од COVID-19, отколку нови позитивни случаи. Се намалува и бројот на смртни случаи, а бројот на тестирања бележи тренд на зголемување.

Според Институтот за јавно здравје, од 10 до 16 август се направени вкупно 11.605 тестирања што е повеќе за 2.062 или 17,8 проценти споредено со претходната недела.

Од направените 11.605 тестирања, нови позитивни на вирусот се 902 односно 7,8 отсто што е тренд на континуирано намалување во однос на претходните недели кога се движеше од 10 отсто, 9,4 и 8,6 проценти.  Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (251 или 27,8 отсто) и Куманово (125 или 13,6 проценти). Во 18 градови во земјава, во наведениот период бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Во однос на старосната структура, регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години, голем е бројот на заболени од 30 до 39 години, и од 50 до 59, додека најмалку регистрирани случаи има кај децата од 0 до 9 и од 10 до 19 години.

Според министерот за здравство, Венко Филипче, и натаму треба да ги почитуваме мерките за заштита, да бидеме одговорни и да се грижиме за сопственото здравје, но и за здравјето на нашите најблиски.

– Задолжително да носиме заштитна маска, често да ги миеме рацете и да одржуваме физичка дистанца, напиша Филипче на својот Facebook профил.

Вчерашниот биланс на Министерството за здравство покажа нови 108 случаи на COVID-19, двајца починати и 112 оздравени.

Од новите случаи во Скопје се 45, во Куманово 18, во Дебар еден, во Штип 11, во  Прилеп и Свети Николе по три, во Тетово, Струмица и Виница по два, во Струга, Делчево и Велес по четири, а во Гостивар девет.

Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата е 13.076, оздравени се 9.625, починале 551 лице, а во моментов бројот на активни случаи е 2.900.

Комисијата за заразни болести вчера донесе одлука за воведување задолжителен ПЦР тест за патниците од Косово кои минуваат низ земјава. Транзит-патниците ќе треба да покажат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Овој предлог ќе биде доставен до Владата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Read more

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more
 

Вести

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе