Позитивни се 36 туристи кои пристигнале во Грција, најмногу од Србија

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 43 нови случаи на COVID-19, од кои 85 отсто, односно 36 се туристи кои влегле во земјата, соопшти Националната служба за јавно здравје на Грција.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, сите 36 позитивни случаи се од тестовите направени на граничниот премин Промахонас (Кулата) на границата со Бугарија, а 20 од нив се српски туристи.

Грчката Влада вчера соопшти дека од шест часот утрово до 15 јули 2020 година во Грција ќе биде забранет влез за државјани на Србија, врз основа на анализата на епидемиолошките податоци.

На граничниот премин Промахонас (Кулата) што воедно е и единствениот отворен за влез на туристи, голем број српски државјани уште на полноќ пристигнале, во обид да влезат во Грција пред шест часот, односно пред да стапи во сила забраната за влез.

Грчката Национална служба за јавно здравје и Министерството за здравје на Грција објавија насоки и јасни упатства за процедурата во случај на заразување со коронавирусот додека престојувате во земјата како туристи.

Од правец на Бугарија патници смеат да влегуваат во Грција преку граничниот премин Промахонас, додека од другите премини на границата со оваа земја, влезот ќе биде дозволен само во одредени услови.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе