Sony ја најави специјалната презентација за PlayStation 5.
Во среда(16 септември), Sony ќе ги објави деталите и цената на оваа конзола.
На 40-минутна презентација ќе бидат објавени сите детали за овој уред, како и игрите кои претходно се најавени, пишува The Verge.
Исто така, од Microsoft неодамна објавија дека наредната недела ќе биде позната цената на нивните нови конзоли Xbox Series S и Xbox Series X. Во меѓувреме се појави информацијата дека Xbox Series S ќе чини 299 долари.
Читајте следно: Microsoft најави нова и помала верзија на Xbox