ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Познат летниот трансфер буџет на Милан

Италијанските медиуми објавија дека буџетот предвиден за летни засилувања на шампионот Милан нема да се зголеми од лани, иако клубот доби приходи поради титулата.

Јасно е дека Милан титулата не ја освои на убедлив начин, па затоа и тоа како му се неопходни засилувања во обидот да ја одбрани во претстојната сезона.

Според Il Corriere dello Sport и Tuttosport, трансфер буџетот на Милан нема значително да се промени од лани. Спортскиот директор Паоло Младини ќе има на располагање само 60 милиони евра за нови засилувања, што денес е мала сума во фудбалскиот свет. Додека, пак, Il Giornale тврди дека сумата ќе биде уште помала - 45-50 милиони евра.

RedBird Capital Partners пред некоја недела го комплетираше преземањеро на клубот, но бидејќи дел од буџетот беше финансиран од поранешниот сопственик Елиот, трансфер буџетот за ова лето не може да биде покачен.

Според италијанските медиуми, клупската транфер стратегија ќе остане иста, што значи дека „Росонерите“ ќе целат кон млади и талентирани фудбалери чија вредност потоа може да се покачи под палката на Стефано Пиоли. Се очекува Малдини и Рики Масара да останат во клубот продолжувајќи ги договорите, па и натаму да имаат водечка улога при трансфер политиката. За нив двајца периодов имаше многу гласини дека поради несогласувања со водечките луѓе се на излезна врата од „Меаца“.

Паоло Малдини и Рики Масара

„Не се грижам многу околу темата Малдини-Масара, воопшто не се сомневам дека ќе биде постигнат договор со двајцата, што е многу важно за клубот да продолжи по истата патека и во наредните години“, рече претседателот на клубот, Паоло Скарони.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе