ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Познати сите четвртфиналисти во Лига на шампиони

Познати се сите четвртфиналисти во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ), откако пласман меѓу осумте најдобри екипи синоќа обезбедија Баерн Минхен и Челси.

Германскиот првак и бранител на европската титулата триумфираше и во реванш осминафиналниот натпревар против Лацио со 2:1 и со вкупен резултат од 6:2 го елиминираше италијанскиот тим. Роберт Левандовски му донесе водство на Баерн во 32 минута од пенал, Максим Чупо-Мотинг зголеми на 2:0 во 73 минута, а конечниот резултат го постави Марко Пароло во 82 минута.

Челзи го пречека во Лондон Атлетико Мадрид со предност од 1:0 од првиот натпревар пред три недели и со головите на Хаким Зијех во 34 минута и Емерсон во четвртата минута од судиското продолжение по втор пат триумфираше (2:0) над тимот на Диего Симеоне. Шпанскиот тим мечот го заврши со играч помалку на теренот поради директниот црвен картон за Стефан Савиќ во 82 минута.

Најмногу претставници во четвртфиналето, вкупно три, има Англија (Ливерпул, Манчестер сити и Челзи, Германија има две екипи (Борусија Дортмунд, Баерн Минхен), а по еден Франција (ПСЖ), Португалија (Порто) и Шпанија (Реал Мадрид),

Жрепката за четвртфиналните двојки е закажана за в петок напладне во седиштето на УЕФА во Нион, а натпреварите ќе се играат на 6 и 7 април и на 13 и 14 април.

 

По шести пат во историјата на елитното фудбалско натпреварување и првпат од сезоната 2015/16, италијанските тимови не се пласираа во четвртфиналето на турнирот.

Аталанта загуби од Реал Мадрид, Лацио загуби од Баерн Минхен, додека Јувентус не успеа да го мине Порто.

Минатата сезона тимот од Бергамо се пласираше во четвртфиналето.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе