Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

Скопје, 4 јули 2020 (МИА) – Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата.

Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби со граѓаните, во помал формат согласно здравствените протоколи.

СДСМ и Коалцијата „Можеме“ денеска се во Крива Паланка и Дебар, а ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата за „Обнова на Македонија“ ќе бидат во посета на Петровец, Илинден, Центар и Кисела Вода.

ДУИ и нивниот кандидат за премиер ќе ја претстават програмата пред граѓаните во Тетово.

Предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт ќе биде во посета на градовите: Македонски Брод, Крушево, Демир Хисар и Ресен, додека Левица ќе биде во Гевгелија, а Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ во Прилеп.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, вчера од општина Гази Баба, порача дека времето на национализам и лажен патриотизам е завршено.

-Најголем патриот е оној којшто носи храбри одлуки за иднината. Стратешката цел за членството во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ ја остваривме. Во преговарачката рамка не случајно е напишано сите акти да се преведат на македонски јазик, на македонски не на северџански, како што оние од ВМРО-ДПМНЕ ни го навредуваат јазикот. Прво тоа е признавање, по не знам кој пат од ЕУ на нашиот македонски јазик, изјави Заев.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вчера од општина Карпош, порача дека тоа што ги прави поразлични од своите политички противници, е љубовта кон својата држава.

– Ја чувствувам енергијата на промени, дека народот сака овој пат да си ја врати државата, која му беше киднапирана, изјави Мицкоски, потсетувајќи дека македонскиот народ секогаш се исправувал и победувал и против потешки противници и пред поголеми предизвици.

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети вчера заедно со првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери одржаа собир кај Камениот мост во Скопје, од каде порачаа дека кандидатурата за премиер Албанец ќе ја зајакне стабилноста и безбедноста на земјата, а ќе има и позитивно влијание врз економијата.

Тие со порака за обединување ги повикаа граѓаните за рушење на идеолошките и националистички ѕидови кои ги делат народите и за обединување на сите кои веруваат во идеологијата „Еднаква земја” за сите, да дејствуваат за доброто на земјата и на сите граѓани.

Карванот на Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ и претседателот на политичката партија Единствена Македонија, Јанко Бачев вчера во Куманово порача дека ќе ги поништат антимакедонските договори, фалсификуваниот попис од 2002 година и ќе спроведат попис.

Бачев ги обвини двете најголеми партии дека го рушат македонскиот народ и дека изборите се на некој начин референдум на кој граѓаните одбираат дали ќе се врати државата на изворните илинденски и асномски принципи.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, вчера од општина Теарце, најави инвестиции од 500 милиони евра само за албанските населби.

-Нашата политика е поврзана со проблемите, проблемите на Албанците, каде и да се. Во нашата програма ќе видите, предвидени се 500 милиони евра инвестиции за четири години власт директно за ревитализација на албанските населби, истакна Села.

Петар Богојески од Македонски концепт, од општина Аеродром вчера порача дека граѓаните сакаат промени, и тоа промени кои ќе донесат подобар, достоинствен живот за нив и нивните најблиски.

– Гласот за 10-ка е глас за промена, глас за одговарање за неисполнување на политички ветувања, за следење на имотот на политичарите, за пратеници кои ќе работат волонтерски, а не за плата, за проектот 1,5 милијарди евра за обештетување на граѓаните од процесот на транзиција. Да почнеме да ги менуваме нештата на подобро и да ја вратиме државата во рацете на граѓаните, порача Богојески.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе