Предвидени 28,4 милиони евра за заеднички проекти меѓу С. Македонија и Бугарија

Откако Владата на Бугарија на 3 февруари одлучи да го зголеми учеството на средствата од Европскиот фонд за регионален развој за 46 проценти, во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу двете земји, во споредба со тековниот програмски период од 2014 до 2020 година, се предвидува да бидат инвестирани над 28,4 милиони евра во заеднички проекти меѓу Бугарија и Северна Македонија во програмскиот период од 2021 до 2027 година. Во моментов се чека одобрување од Европската комисија за реализација на проектот,  јави дописникот на МИА од Софија.

-Со оваа одлука, бугарската Влада го потврди високиот потенцијал и додадената вредност на заедничката програма за прекугранична соработка и заедничките проекти за подобрување на животот и економската состојба во регионот, изјави Деница Николова, заменик-министер за локална самоуправа на Бугарија и ко-претседавач на онлајн состанокот за заедничката работна група, за подготовка на Програмата за прекугранична соработка INTERREG-IPA меѓу Бугарија и Северна Македонија во период од 2021-2027 година.

На состанокот учествуваше и Зоран Димитровски, заменик-министер за локална самоуоправа на Северна Македонија.

Работната група одобри ажурирана стратешка рамка за идната програма, што ќе овозможи развој на нацрт програмски документ и почеток на преговори со Европската комисија.

Исто така, на состанокот беше констатирано дека има три главни приоритети што ќе бидат поддржани во рамките на заедничката програма. Меѓу нив е и реализацијата на стратешкиот проект за изградба на граничен пункт „Клепало“ помеѓу Струмица и Берово. Еден од приоритетите е и спроведување на интегрираниот територијален пристап во рамките на Целта на кохезивната политика 5 „Европа поблиска до граѓаните“, што има за цел директно да ги поврзе локалните потреби со стратешките насоки за развој и да им овозможи на локалните заинтересирани страни да им дадат приоритет на инвестициите за подобрување на благосостојбата на регионот.

Предвидена е и поддршка на малите и средни бизниси во пограничниот регион преку насочена поддршка со поедноставени инструменти за финансирање за модернизирање и проширување на производството.

Програмата исто така ќе финансира проекти според европскиот приоритет „Зелена Европа“, насочени кон градење на зелена инфраструктура за намалување на штетните емисии и загадувањето на животната средина.

Николова посочи дека е забележан и напредок во тековната програма.

-Имаме една од најдобрите програми во ЕУ и бројките зборуваат сами за себе“, рече Николова. Досега се потпишани 77 договори со вкупна вредност поголема од 19,4 милиони евра, што претставува скоро 100 отсто од буџетот на програмата. Повеќе од 12,5 милиони евра се веќе исплатени на корисниците од двете страни на границата, што е скоро 65 проценти од нејзините вкупни ресурси, додаде таа.

Николова истакна дека и покрај ковид-кризата, не се соочиле со одложување на плаќањето на учесниците во проектот, со што програмата се покажа како сигурен и предвидлив партнер во тешки периоди на криза. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе