Претставени Google Pixel 7 и Pixel 7 Pro

Минатата година Google го откри изгледот на серијата Google Pixel 7, што ги заинтересира фановите. Чекањето конечно заврши, бидејќи американската компанија денеска ги претстави Google Pixel 7 и Google Pixel 7 Pro.

Телефонот не носи некои големи разлики во однос на неговиот претходник. Се напојува со новиот чип Tensor G2. Овој чип доаѓа со две Cortex-X1 јадра, две A76 и четири A55 јадра. Графичкиот процесор е Mali-G710 MC10, кој ветува дека ќе ги зголеми перформансите и ефикасноста во однос на G78. Чипот ги извршува задачите за машинско учење 60% побрзо и 20% поефикасно од неговиот претходник. Има различни функции за вештачка интелигенција како Photo Blur за отстранување на замаглување.

Овој чип е поврзан со 12 GB RAM и 128 GB, 256 GB или 512 GB внатрешна меморија. Нема слот за microSD картичка.

Кога станува збор за камерите, Pixel 7 Pro го има истиот сензор за главната камера од 50 MP како и неговиот претходник. Отворот е f / 1,85. Има и ултра широка камера од 12 MP со автофокус. Главната камера доаѓа со поддршка за OIS и EIS и може да снима 4K видео со 30 и 60 fps, како и 10-битно HDR видео. Google соработува со Snapchat и TikTok за уште подобри видеа на овие платформи.

Третиот сензор е телефото, кој доаѓа со 5x оптички зум и резолуција од 48MP.

На предната страна има 6,71-инчен AMOLED екран. Тоа е QHD+ LTPO панел со променлива стапка на освежување од 10-120 Hz. Заштитен е со Gorilla Glass Victus стакло. Под екранот има скенер за отпечатоци.

Батеријата има капацитет од 5000 mAh, но брзината на полнење не е одредена. Има и IP68 сертификат.

URL

Google Pixel 7

Овој телефон доаѓа во многу помала величина. Има екран од 6,3 инчи. За споредба, тој е помал од Galaxy S22 и iPhone 14. Екранот е со AMOLED FHD+ резолуција. За жал, пристигнува со стапка на освежување од 90 Hz.

Го користи истиот чип како неговиот претходник, но со 8GB RAM и 128GB или 256GB внатрешна меморија. Двата телефони ќе добијат три надградби на Android и пет години безбедносни надградби. Главната и ултра-широка камера е иста како кај Pro моделот, додека нема телефото сензор.

Двата телефони имаат ист сензор за предна камера – 10,8 MP со видно поле од 93 степени, но и со фиксен фокус.

Pixel 7 има батерија од 4355 mAh.

Цената на телефонот Google Pixel 7 е 650 евра за верзијата од 128 GB.
Цената на телефонот Google Pixel 7 Pro е 900 евра за верзијата од 128 GB.

Тагови
реклама

Мобилни

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе