Најмалку 118.000 објекти се срушени, оштетени или ќе бидат срушени по разорните земјотреси кои ја погодија Турција, изјави турскиот министер за животна средина и урбанизам, Мурат Курум.
„Во 11 покраини кои беа зафатени од земјотресите, прегледани се вкупно 925.000 објекти. Од нив, околу 118.000 се срушени, тешко се оштетени или ќе бидат срушени”, изјаво Курум.
Според најавата на турскиот министер, во наредната година во погодените покраини ќе биде извршена најголемата реконструкција на станбените објекти во историјата на Турција.
Во земјотресите кои ја погодија Турција на 6 февруари животите ги изгубија 41.020 луѓе, а повредени се повеќе од 108.000.