Продолжувањето на кризната состојба до јуни, 2021 денеска пред пратениците

Скопје, 14 декември 2020 (МИА) – Предлог одлуката на Владата со која треба да се овозможи продолжување на рокот за постоење кризна состојба на територијата на државава до 30 јуни следната година, е меѓу точките на дневен ред на денешната 25. седница на Собранието на Република Северна Македонија.

Со  одлуката треба да се овозможи продолжување за уште шест месеци на едномесечната кризна состојба поради состојбата со коронавирусот што е во сила од 20. минатиот месец, со одлука на Владата, а на барање на Советот за безбедност.

Периодот за постоење кризна состојба на територијата на државава, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија со COVID-19 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението е најмногу до 30 дена.

Владата на седницата на 1 декември  го прифати предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и ја утврди потребата да се продолжи кризната состојба до 30 јуни следната година. По стапувањето во сила на тековната кризна состојба беше овозможено дел од припадниците на Армијата да се вклучат во физичко обезбедување на ковид центрите, според Предлогот изработен од Главниот штаб за управување со кризи. Министерствата за здравство, за внатрешни работи, за одбрана, Армијата , Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, со сите останати засегнати државни институции, пак, беа задолжени да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои може да се стават во функција на справување со кризната состојба.

Според предложениот дневен ред, прва точка за која треба да се расправа на седницата е Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година. Пред пратениците се и Предлог на закон за дополнување на Законот за социјалната заштита, Предлог законот за регистрација на возила со странски регистарски табици на територијата на Република Северна Македонија, по скратена  постапка, Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот, сите по скратена постапка.

Дел од дневниот ред означени со европско знаменце, пак, се Предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, во прво читање, Дополнет предлог на закон за општа безбедност на производите, во второ читање, Дополнет предлог на закон за фитофармација, двата во второ читање.

Законодавниот дом во рамки на 25. седница треба да расправа и за Дополнетиот предлог на закон за изменување на Законот за домување, како и за дополнетите предлог закони за изменување и дополнување на законите за железнички систем и за безбедност на сообраќајот на патиштата, во второ читање.

По скратена постапка, и како последна точка е поставен Предлог законот за преземање на административни службеници вработени преку К-5 програмата во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе