Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

По 11 сезони во низа освојување титули за шампион на првенство се сруши митот за непобедливиот Кингсли Коман, а многумина виновник за тоа гледаат во баксузниот Хари Кејн, човекот што нема освоено никаков трофеј во кариерата.

Минатото лето англискиот напаѓач Хари Кејн дојде во редовите на Баерн во најскапиот трансфер во историјата на Бундеслигата, вреден 95 милиони евра, а се чинеше дека тој беше последното парче од сложувалката на баварскиот клуб во борбата за титулата европски шампион.

Сите сметаа дека Баварците ќе ја освојат Бундеслигата како што тоа го направија 11 пати по ред пред тоа, но судбината се вмеша и го спречи Англичанецот да ја освои титулата германски шампион, која заслужено му припадна на Баер од Леверкузен.

Баварците уште претходно се простија од ДФБ купот откако беа поразени од третолигашот Сарбрикен, додека во Лигата на шампионите имаат позитивен резултат од првиот дуел со Арсенал, во Лондон беше 2:2, а неделава ги очекува реванш во Минхен, каде ќе се обидат да се пласираат во полуфиналето.

„Проклетството“ на Хари Кејн се пресели и во Германија, па клубот од Минхен по 11 години остана без титулата германски првак, иако Англичанецот е далеку од најголемиот виновник бидејќи на 39 натпревари кои ги одигра во сите натпреварувања постигна 39 гола со 12 асистенции.

Само неговите 32 гола во Бундеслигата го прават најдобриот дебитант во историјата на германскиот фудбал и моментално ја води борбата за Златната копачка, а по него се Серху Гираси од Штутгарт со 25 гола, Килјан Мбапе од ПСЖ со 24 и Лаутаро Мартинес од Интер со 23.

Искусниот англиски напаѓач игра на највисоко ниво од почетокот на кариерата и е еден од најдобрите, ако не и најдобриот напаѓач во моментов во светот, но неговата неможност да освои каков било трофеј ги фрустрира сите негови фанови.

Неговото „проклетство“, односно неможноста да освои клупски трофеј, исто така се пресели во Минхен и стави крај на неверојатната серија титули на Кингсли Коман, кој можеше да се пофали дека е државен првак во секоја сезона во која учествувал уште од кога имаше 16 години и кога го носеше дресот на ПСЖ.

Коман го освои францускиот шампионат со ПСЖ во 2013 и 2014 година, потоа во 2015 и 2016 година беше италијански шампион со Јувентус, а од 2017 до 2023 година го освојуваше германското првенство со Баерн, а серијата од 11 последователни титули во националниот шампионат беше прекината со доаѓањето на Кејн во Баерн.

Ова не е единствената лоша вест за францускиот напаѓач, бидејќи Коман во победата над Келн го повреди мускулот, поради што ја напушти играта во 50. минута од натпреварот. Германските медиуми велат дека сезоната за него е завршена и дека прашање е дали ќе се опорави за ЕУРО 2024 бидејќи се очекува да биде надвор од терените пет до шест недели.

реклама

Трамп го прекрши своето најважно ветување веднаш штом положи заклетва

Read more

Русите тврдат дека Украинците имаат нова тактика: Слушаме мјаукање, но не чека смрт

Read more

Трамп: Бајден ми остави инспиративно писмо на мојата маса

Read more

Спанаќ за само 10 минути

Read more

Фудбал

Гринвуд ја одјави Англија во ФИФА, ќе игра за Јамајка

Read more

Денеска завршува претпоследното коло во ЛШ: Меч да се биде или не за ПСЖ и Сити

Read more

Борусија го отпушти Нури Шахин по четвртиот последователен пораз

Read more

Анчелоти: Јас и Флорентино ќе имаме заедничка проштална забава

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Хамилтон прв пат возеше болид на Ферари, претставена и неговата нова кацига

Читај повеќе

Гринвуд ја одјави Англија во ФИФА, ќе игра за Јамајка

Читај повеќе

Денеска завршува претпоследното коло во ЛШ: Меч да се биде или не за ПСЖ и Сити

Читај повеќе
  • play_arrow

Борусија го отпушти Нури Шахин по четвртиот последователен пораз

Читај повеќе
  • play_arrow

На Запад ништо ново: Трипл-дабл на Јокиќ и Леброн за убедливи победи на Денвер и Лејкерс

Читај повеќе

Анчелоти: Јас и Флорентино ќе имаме заедничка проштална забава

Читај повеќе
  • play_arrow

Неуништливиот Ѓоковиќ со спектакуларен пресврт над Алкарас дојде до полуфиналето

Читај повеќе
  • play_arrow

Фер-плејот не е мртов: Де Варгас спречи судијата да му покаже црвен картон на противникот

Читај повеќе
  • play_arrow

Њу Орлеанс од -25 до победа, Бостон со 40 разлика ги победи Вориорс

Читај повеќе