Пролет го назначи Александар Јовиќ за нов тренер

Суперлигашот од истоимената скопска населба има нов шеф на стручниот штаб.

Александар Јовиќ е нов шеф на стручниот штаб на ракометниот клуб Тинекс Пролет откако денеска и официјално беше потпишан договорот за соработка со овој успешен стратег, кој во иднина ќе ги води „Пролеќани“.

„Како управа не брзавме со изборот на нов тренер по заминувањето на Лембанов, сѐ со цел да го направиме најдобриот можен избор за РК Тинекс Пролет, во што на крајот и успеавме“, објави клубот.

Јовиќ е долгогодишен македонски ракометен репрезентативец, кој по завршувањето на играчката има и успешна тренерска кариера. Тој ја заврши ланската сезона како шампион на Македонија на чело со Еурофарм Пелистер, а добро познати се неговите квалитети и кога станува збор за работата со младите ракометари, нешто по што беше препознатлив и во Металург и во Еурофарм Пелистер 2.

„Презадоволни сме што можеме да ја официјализираме соработката со Александар Јовиќ, идеален тренер за Тинекс Пролет. Говориме за стратег кој до пред еден месец беше дел од Лигата на шампионите, а од денеска ќе почне со работа во нашиот клуб. Тој работи исклучително добро и со младите ракометари помагајќи им да напредуваат во кариерата, што исто така е многу значајно за нашиот клуб. Не се сомневаме дека донесовме вистински избор со ангажманот на овој врвен стручњак со кого Тинекс Пролет уште повеќе ќе напредува“, изјави директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.

По 10 одиграни кола во групата Б од македонската Суперлига екипата на Пролет е на 4. место со 15 бодиви, колку што има и 5-тиот Голден Арт. Трет е Бутел со 18, а лидери се Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер со по 27. Првопласираните 4 од двете групи ќе се пласираат во наредната фаза.

Јовиќ на клупата на „Пролеќани“ ќе дебитира на 18-ти кога Пролет ќе гостува кај Мулти Есенс (поранешен Алкалоид) во салата „Автокоманда“.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе