ЛИГ 1 2021/22

Прв проблем во ПСЖ: Меси одби да се поздрави со тренерот по замената

Револтиран што беше заменет на натпревар во кој неговиот тим го победи Лион со 2:1, Лео Меси одби да се ракува со тренерот Маурисио Почетино.

За прв пат во лигашки натпревар ПСЖ стартуваше со Меси, Нејмар и Килјан Мбапе во нападот, но тројката во офанзивата не импресионираше.

Почетино го прекина домашното деби на Меси во 75. минута во обид да ги промени работите на теренот и успеа во тоа бидејќи Мауро Икарди влезе од клупата и постигна гол за победа.

URL

Меѓутоа, Меси беше очигледно вознемирен кога го напушти теренот поради таквата одлука на неговиот тренер.

Тој одби да се ракува со својот сонародник упатувајќи му поглед полн лутина, како да не можеше да поверува дека тој е жртвуван.

Инаку, Аргентинецот се мачи да се вклопи откако се пресели во Париз и сѐ уште се обидува да се пронајде себеси во новата средина.

Дури и на теренот, работите не одат според планот, бидејќи славното напаѓачко трио на ПСЖ немаше координација во нападот.

Меси е без голови во досегашните три настапи и не успеа да му помогне на својот тим да победи над Бриж во Лигата на шампионите кон средината на неделата, и покрај тоа што во нападот му се придружија Нејмар и Мбапе.

URL

Синоча Лион поведе со голот на Лукас Пакета во 54. минута, а ПСЖ прво израмни преку Нејмар од пенал во 66. минута, за во судиското надополнување Икарди да ја донесе победата.

Тагови
реклама

Фудбал

Баерн очајнички бара тренер

Read more

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Read more

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Читај повеќе

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Читај повеќе
  • play_arrow

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе