Прво обраќање на Трамп по изборите: Наскоро вакцина против COVID-19

МИА/КАЈГАНА
/ 14.11.2020 / 11:11

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера, во своето прво обраќање по одржаните избори на 3 ноември, најави дека наскоро пристигнува вакцината против коронавирусот, додавајќи дека неговата администрација нема да ја затвори земјата поради пандемијата.

Трамп зборуваше пред Белата куќа во врска со коронавирусот и стратегијата за вакцинација.

– Вакцината ќе биде достапна многу брзо, за неколку недели, прво за најзагрозениот дел од популацијата, а за останатите до април. Никој досега не успеал со ваква брзина и со таков интензитет да постигне успех. Нема ниту еден како нас. Ова е неверојатен подвиг, истакна Трамп, кој се осврна на фактот дека американската фармацевтска компанија Pfizer неодамна објави дека ефикасноста на нејзината вакцина против COVID-19 е околу 90 отсто.

Тој додаде и дека неговата администрација нема да воведува силни рестриктивни мерки во САД, и покрај големиот број на заразени и починати лица како последица на коронавирусот.

– Совршеното сценарио е дека нема да воведуваме ригорозни мерки. Јас тоа не го сакам, оваа администрација нема да ја затвори земјата. Без разлика што ќе се случи во блиска иднина, која било администрација да ја предводи државата, а времето ќе покаже, но ние нема да воведеме локдаун, нагласи актуелниот претседател на САД.

Американските медиуми објавија дека Трамп по неговото обраќање не одговарал на новинарски прашања. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more
 

Вести

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе