Путин: Ќе се спротивставиме на западните санкции и провокации

Макфакс
/ 04.07.2023 / 16:06

Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот им рече на азиските сојузници дека „рускиот народ е пообединет од кога било досега“ во неговото прво појавување на меѓународниот форум по краткотрајниот бунт од минатиот месец на платеничката група Вагнер на Јевгениј Пригожин.

„Рускиот народ е поконсолидиран од кога било досега. Руските политички кругови и целото општество јасно ги покажаа своето единство и високото чувство за одговорност за судбината на татковината кога одговорија на обединет начин на обидот за вооружен бунт“, рече Путин.

Бунтот на Вагнер беше решен со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Путин им се заблагодари на армијата и на безбедносните служби што спречија хаос и граѓанска војна. Во својот говор Путин рече и дека Русија ќе се спротивстави на западните санкции и провокации.

Тој исто така рече дека Москва планира да ги зајакне врските со шангајската организација за соработка и ја поддржа транзицијата кон плаќањата во локална валута во надворешната трговија. Предупреди дека потенцијалот за конфликти и ризикот од светска економска криза е во пораст.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе