Рекорден број вакцинирани во еден ден, активни 265 случаи на COVID-19

Надлежните уверуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови. Воедно, апелираат граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање, бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Од Министерството за здравство информираа дека во изминатото деноноќие биле регистрирани 36 нови случаи на заболени од COVID-19. Во меѓувреме продолжува и теренската вакцинација, која денеска ќе се одвива во 10 населени места во државата. Активни се вкупно 265 активни случаи на COVID-19.

Министерот за здравство вчера преку објава на својот Фејсбук-профил информира дека рекорден број на дози вакцини се аплицирани во еден ден. Тој посочува дека за 24 часа една доза примиле речиси еден отсто од населението.

– Желбата на граѓаните за вакцинација многу охрабрува. За да му се вратиме на секојдневието кое сите го посакуваме треба колективен имунитет, а тоа значи што поголем број од населението да се вакцинира. Ве повикувам сите кои се уште се двоумите вакцините се безбедни и ефикасни и спречуваат тешка форма на болеста. Вакцинирај се без закажан термин, напиша Филипче.

Според последниот извештај од Министерството за здравство, вакцина досега примиле 800.168 граѓани, а ревакцинирани се 318.900 граѓани. Со последните бројки, како што соопшти Министерството, барем една доза вакцина имаат примено 62 отсто од населението над 70 години, 59 отсто од оние над 65 години, 54 отсто од граѓаните над 60 години и 44 отсто од лицата над 50 години.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Од Министерство информираат дека процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во државата продолжува и теренската вакцинација, денеска во 10 населени места. Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата ќе се одвива на следните места: Тетово – Речица, Г. Речица, М.Речица, Калник, Чифлик; Струга – Д.Белица, Враништа; Битола – Ѓавато, Маловиште; Берово – Смојмирово.

Согласно вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје, во претходното деноноќие се направени вкупно 3.569 тестирања. Од новите случаи на заболени, 15 се во Куманово, Скопје – 7, Тетово – 6, Гостивар – 2, Прилеп, Велес, Штип, Струмица, Кочани и Кичево – по 1. Регистрирани сe 12 оздравени пациенти и тоа од Тетово се пет, Скопје – 4, Битола – 2 и Свети Николе – 1.

Досега во земјата се направени вкупно 944.747 тестирања на COVID-19. Вкупниот број на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.017, бројката на оздравени пациенти е 150.263, на починати е 5.489. Вкупно има 265 активни случаи.

Светската здравствена организација во меѓувреме вчера ги повика сите земји да работат заедно за да го испитаат потеклото на коронавирусот, еден ден откако Кина ги отфрли плановите за дополнителни лабораториски проверки на нејзина територија. СЗО предложи овој месец продолжување на претходните истраги во Кина.

Заменик министерот на кинеската Национална комисија за здравство рече дека Пекинг нема да го прифати предлогот каков што беше.

Коментирајќи го одбивањето на Кина, портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, на состанокот на ОН во Женева рече дека не станува збор за политика или игра на вина.

– Во основа е барање сите да мора да се обидеме да сфатиме како вирусот влегол во човечката популација. Во таа смисла, државите навистина имаат одговорност да работат заедно и да соработуваат со СЗО, рече Јашаревиќ.

Тимот предводен од СЗО помина четири недели во Вухан со кинески научници, кои во заедничкиот извештај во март заклучија дека вирусот најверојатно бил пренесен од лилјаци на луѓе преку друго животно, но потребни се дополнителни истражувања.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека истрагата е попречена од недостигот на сурови податоци во првите денови од ширењето на вирусот таму. САД и другите земји, како и некои научници, побараа понатамошно истражување, особено на Институтот за вирологија во Вухан, кој го спроведе истражувањето на лилјаците.

Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера одобри употреба на вакцина против коронавирусот на компанијата Moderna за деца на возраст од 12 до 17 години, и тоа е втора вакцина препорачана за адолесценти. Употребата на вакцината Spikevax на Moderna ќе биде иста како кај адолесцентите на возраст од 18 до 25 години. Компанијата Moderna уште во мај објави дека нивната вакцина е ефикасна и за тинејџери.

Австралиската држава Нов Јужен Велс вчера објави најголем дневен пораст на заразени со коронавирус оваа година, што предизвика посилни мерки за затворање во Сиднеј, а австралиските власти соопштија дека државата е во вонредна состојба што го попречува закрепнувањето на економијата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе