ФОРМУЛА 1 2021

Рикардо: Верстапен ќе губи почесто ако ризикот му е единствената стратегија

Ф1
МИА
/ 20.09.2021 / 11:32

Возачот на Мекларен, Даниел Рикардо ги коментираше постапките на возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, на Големата награда на Италија. Холанѓанецот не ја провери состојбата на Луис Хамилтон од Мерцедес откако удри во неговиот автомобил.

„Го знам Макс. Бевме партнери неколку години и тој е таков борец, дава максимум на патеката. Мислам дека тој сè уште беше малку разочаран по Силверстоун и тоа придонесе да не биде потолерантен па настана судирот со Хамилтон. Но, ако се случи несреќа и непријателот е повреден, 100% од пилотите ќе се обидат да помогнат. Ако знаеме дека се случило нешто сериозно, тогаш нема да го свртиме грбот“, рече Австралиецот.

Рикардо објасни како ризичниот стил на Верстапен ќе влијае на борбата за титулата.

„Нема многу такви пилоти. Мислам дека е добар пристап да се биде многу амбициозен и некогаш да се ризикува. Од друга страна, Макс и Луис се борат за шампионската титула, и ако ова е единствената стратегија, тогаш поголема е веројатноста да бидете губитник отколку обратно. Мислам дека треба да го избереме вистинскиот момент. Нема да кажам дека е неопходно да се минимизираат загубите, во смисла дека не мислам дека инцидентот во Италија е глупав или нешто слично. Макс само ја виде шансата, која можеби не беше реална, и се обиде да ја искористи“, потенцира Рикардо.

Токму Рикардо го искористи инцидентот на двајцата лидери во Формула 1 шампионатот и на крајот прв мина низ целта во Монца.

реклама

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе