Георгина Родригес ги засени сите на свеченото доделување на фудбалските награди во Дубаи.
Кристијано Роналдо беше прогласен за најдобар играч на векот во Дубаи, а на доделувањето на Globe Football Awards пристигна со својата свршеница Георгина Родригес која ги засени сите присутни и ги остави без здив.
Георгина се појави во црвен фустан со длабок шлиц на едната страна и крој што го акцентираше нејзиното деколте. Вратоврската на Роналдо одговараше на бојата на нејзиниот фустан.
Семејството на Кристијано Роналдо веќе неколку дена е во Дубаи, а престојот го искористија за краток одмор.