Русија подготвена да се врати на договорот „Отворено небо“ ако и САД го сторат истото

Русија денеска изрази подготвеност да се врати на меѓународниот договор за контрола на воените активности „Отворено небо“, доколку и САД го сторат истото, додавајќи дека нема „засекогаш да чекаат“ на одлуката на САД.

„Ја оставаме вратата отворена. Но, колегите во Вашингтон и другите престолнини на НАТО мора да разберат дека нема да чекаме засекогаш“, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков за новинската агенција РИА Новости.

Според него, постапката за повлекување од договорот инициран од Москва е сè уште во тек и ќе заврши „доколку САД не ја известат Русија дотогаш за нивната подготвеност да се вратат на одредбите од договорот“.

Рјабков не прецизираше колку време даде Русија за да го заврши процесот на повлекување од меѓународниот договор, што овозможува контрола на воените движења и стратешките инсталации на земјите потписнички.

Русија минатата година објави повлекување од договорот „Отворено небо“ по повлекувањето на САД по наредба на тогашниот претседател Доналд Трамп.

Владата на новиот претседател на САД, Џо Бајден, во последните неколку недели презеде чекори за враќање на неколку договори.

Договорот „Отворено небо“ стапи на сила во 2002 година првично со 35 земји потписнички.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе