Руски генерал зборуваше против Вагнер и доби закани: Ако загубиме, ќе дојдеме на Црвениот плоштад

Спорот меѓу платеничката воена група Вагнер и руското Министерство за одбрана продолжува да ескалира. Откако рускиот претставник и поранешен генерал-полковник Виктор Соболев му се закани на секој што ќе му се придружи на Вагнер со казна затвор до 15 години, тој доби закани.

Конфликтот меѓу платеничката војска и редовната војска во Русија трае веќе подолго време. Во прашање е моќта во Кремљ и наклонетоста на рускиот претседател Владимир Путин.

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, е познат по неговите отворени критики, понекогаш дури и директни тиради упатени до Министерството за одбрана. Тој го обвинува министерот Сергеј Шојгу дека не дал доволно муниција за војување. Министерството за одбрана, пак, прави сè што може за да им ја отежни работата на Вагнеровци.

Виктор Соболев е член на Комитетот за одбрана во Државната дума и активно учествува во него. Неодамна тој се залагаше секој што ќе му се придружи на Вагнер да биде осуден на затворска казна до 15 години. Ова не се однесува само на регрутите, туку и на руските војници кои пребегнуваат бидејќи се надеваат на подобри плати и поголем престиж.

Според Соболев, групата Вагнер е „сомнителна и илегална организација“ и само руската држава треба да има збор во формирањето и распоредувањето на вооружените сили.

Борците на Вагнер, како и припадниците на редовните сили одговорија со видео на официјалниот канал на Пригожин.

„Ако се мешаш, копиле, и земјата ја изгуби војната поради копиле како тебе, ќе дојдеме на Црвениот плоштад“, вели еден од војниците.

URL

Соболев веќе привлече внимание со неговите иницијативи. На почетокот на оваа година тој стоеше зад забраната за носење паметни телефони, таблети и брада на фронтот.

Имаше логика за паметните телефони и таблетите, бидејќи тие може да ги оддадат руските позиции на бојното поле, но забраната за носење брада наиде на многу противења, вклучително и од Пригожин и самиот чеченски лидер Рамзан Кадиров, кој носи брада.

„Очигледно, генерал-полковник Соболев има многу слободно време, бидејќи нема ништо друго освен да го препрочитува воениот кодекс на однесување“, рече Кадиров. Пригожин таа мерка ја нарече „апсурдна“ и „архаична“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе