Сантос планира да ја повлече „десетката“ на Пеле

Бројот 10 ќе биде повлечен од бразилскиот клуб Сантос, каде се прослави легендарниот Пеле.

Пеле неодамна почина на 83-годишна возраст, а неговите ќерки испратија барање до челниците на Сантос да го повлечат бројот кој нивниот татко со години го носеше во дресот на тој клуб.

„Tоа ќе му гo предложиме на Управниот одбор. За такво нешто постои процедура, потребно е да се состанат членовите на Одборот и тоа да го одобрат. Во меѓувреме, со административен акт во текот на идниот месец привремено ќе го укинеме користењето на бројот 10, надевајќи се дека нашиот oдбор ќе ја претвори таа одлука во трајно решение“, изјави претседателот на Сантос, Андре Руеда.

Дресот со број 10 во моментов во Сантос го носи венецуелскиот напаѓач Јеферсон Сотелдо, кој од Пеле се збогува со објава на социјалните мрежи.

„Носењето на твојот дрес и грижата за него со љубов и почитување е мојата мисија. Ти нè напушти, но твоето наследство и спомените остануваат. Ти благодарам на сè, кралу Пеле“.

Пеле почина во четвртокот на 82-годишна возраст.

Играше за Сантос од 1956 до 1974 година и постигна 643 гола на 659 натпревари.

Тагови
реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе