ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2024

Саудијците подготвуваат нов напад на трансфер пазарот

Макфакс/Кајгана
/ 25.12.2023 / 10:14

Саудиската професионална лига во текот на летото стана побогата за бројни светски ѕвезди, а во зимскиот преоден рок од оваа земја подготвуваат нова инвазија на фудбалскиот пазар.

Според британски The Telegraph, раководството на Саудиската професионална лига планира да ја зголеми границата за странски играчи на 10.

Тие сметаат дека зголемувањето на лимитот за странски фудбалери ќе го подобри имиџот на натпреварувањето и ќе му даде на саудиското првенство поголема моќ на светскиот пазар.

Во моментов клубовите од Саудиска Арабија можат да имаат 8 фудбалери од странство.

Во јануари 2023 година, португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо се пресели во Ал Наср и ја отвори вратата за пристигнувањето на бројни светски ѕвезди во таа арапска земја. Веќе во летниот преоден рок, тамошните клубови потрошија вкупно речиси една милијарда евра за ангажирање нови играчи.

Меѓу играчите кои дојдоа во Саудиска Арабија се Ријад Махрез, Карим Бензема, Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Малком, Нејмар, Едуард Менди, Фабињу, Садио Мане, Емерик Лапорт, Марцело Брозовиќ, Алекс Телес, Јаник Караско, Калиду Кулибали, Рубен Невеш, Џордан Хендерсон, Џорџињо Вајналдум…

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе