Се одржа третото издание на Галичник филм фестивал

Во Галичник изминатиот викенд се одржа третото издание на Галичник филм фестивал, во стариот амфитеатар на Упија. Убедлив победник во неколку категории беше оскаровскиот филм „Бело око“ кој освои награда за најдобар филм, најдобро сценарио и најдобар актер.

– Среќни и задоволни го завршуваме ова трето издание. Филмската магија го обои Галичник и задоволство беше да се гледа како многубројната публиката на амфитеатарот на Упија ужива во внимателно избраната селекцијата и гласа за својот омилен филм по проекциите. Инспирирани од успешното издание веќе почнуваме да размислуваме за следното, изјавија организаторите Јана Пауноска и Марко Црногорски.

– Официјалната селекција со 23 краткометражни филмови кои ни дојдоа директно од Cannes Film Festival, Oscars, Sundance, IDFA, Toronto International Film Festival, Locarno Film Festival, беа огромен предизвик за македонската филмска елита која имаше несомнено тешка задача да го одбере најдоброто од најдобрите. Жири комисијата беше составена од Никола Ристановски, Дејан Дуковски и Елеонора Венинова, кои ги соопштија победниците, велат организаторите.

Фестивалот е поддржан од Агенција за филм на Република Северна Македонија, а го реализираат ДАРМА ФИЛМ и МЗ Галичник. Програмата на Галичник филм фестивал е бесплатна.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Култура

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more

Oтворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство

Read more

Заспаната убавица од Чајковски на 15 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Read more
 

Вести

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: Порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Читај повеќе

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

Читај повеќе

Американците ќе го кренат во воздух мостот во кој удри огромниот брод

Читај повеќе

Украина: Соборивме руски борбен авион

Читај повеќе

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе