Американскиот одбојкарски тренер Џејсон Мејсер се самоуби еден ден откако беше ослободен по обвинението за силување на 15-годишна одбојкарка во тимот што го тренираше.
Мејсер работел во два клуба на Лонг Ајленд, каде, според полицијата, во два наврати силувал 15-годишно девојче, поради што бил уапсен.
Тој на првото рочиште ги негираше обвиненијата, а на 1 април требаше повторно да се појави пред судот. Веднаш по обвинението добил отказ од двата одбојкарски клуба каде што работел.
Според американските медиуми, Мејсер по покренувањето на обвинението платил кауција од 75.000 долари.
Ден по ослободувањето си го одзел животот фрлајќи се под воз во Лонг Ајленд, а пронајдено е и неговото проштално писмо, чии детали не се соопштуваат.