Се зголемува бројот на хоспитализирани од COVID-19 во Македонија

Се зголемува бројот на хоспитализирани од COVID-19, а на Инфективната клиника има слободни уште десетина кревети. Министерството за здравство ја подготвува и модуларната болница со цел да се намали притисокот кон болницата „8 Септември“ за да може другите пациенти да добиваат здравствена услуга.

И вчера, како и во претходните денови беа регистрирани голем број заразени, поточно 393 од 2464 тестирања и четворица починати.

Министерот Венко Филипче вчера рече дека очекува зголемените ингеренции на инспекторите и новите рестриктивните мерки предложени од Комисијата за заразни болести да помогнат во намалување на ширењето на вирусот.

Ако COVID-19 продолжи да се шири, тогаш ќе следи целосен карантин, предупреди Филипче.

Рестриктивните мерки треба да се најдат на седница на Влада во вторник, а за предлогот на Комисијата да не се собираат повеќе од четири лица во нечиј дом, министерот Филипче рече дека за него ќе се консултираат со правни експери во каква форма тоа ќе биде препорачано или забрането, каков ќе биде начинот на контрола.

– Навистина е голем бројот на новодијагностицирани во последните неколку денови, голем е бројот на пациенти кои доаѓаат за прием во болниците. Се пополнува капацитетот во сите инфективни одделенија, не така брзо во Скопје, меѓутоа насекаде во државата. Може да се менаџираат болниците, имаме слободни кревети на Инфективната клиника, но целта е овој растечки тренд да го забавиме, рече министерот за здравство.

Доколку се зголеми бројот на заболени од COVID-19, министерот за здравство не ја исклучи можноста и за затворање на училиштата и градинките или во некои општини и региони согласно епидемиолошката слика.

– Засега нема сериозен проблем во градинките, во училиштата има спорадични случаи. Нема внатрешна трансмисија. Обично од надвор e дојден вирусот, но и тие прекратко работат за да може да носиме одлука, рече Филипче.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 55 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 родители позитивни на ковид-19, а нема хоспитализирани суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 24, а во болницата во Штип се 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 200, позитивни и сомнителни на COVID-19.

Активни случаи по општини Скопје: Чаир – 83, Гази Баба – 163, Аеродром – 282, Карпош – 276, Центар – 288, Кисела Вода – 178, Ѓорче Петров – 129, Бутел – 62, Илинден – 33. Во другите општини има под 20 заразени.

За неносење заштитна маска, полицијата во текот на претходното деноноќие на територијата на целата држава регистрирала 733 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со COVID-19. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе