Сега TikTok го копира Instagram, воведе Photo Mode

Иако сме навикнати социјалните мрежи да го копираат TikTok, сега оваа платформа почна да го копира Instagram.

Станува збор за нов режим наречен Photo Mode, кој им овозможува на корисниците на TikTok да споделуваат повеќе фотографии во една објава, а исто така зголемен е и бројот на знаци за описот - на 2.200.

Новите објави со фотографии, кои може да вклучуваат музика, ќе се појават на страницата For You Page покрај клиповите. TikTok рече дека се надеваат дека Photo Mode во комбинација со зголемениот број на знаци, ќе им овозможи на креаторите „да се изразат и подлабоко да се поврзат со другите“.

Но, Photo Mode, исто така, ја прави For You Page послична на Instagram на начин што не е баш креативен. Креаторите веќе ја користат оваа функција за споделување „рециклирани“ текстуални мемиња и други содржини кои често се популарни токму на Instagram.

Фактот дека TikTok сега ја копира оригиналната функција на Instagram е особено интересен бидејќи Instagram се мачи со engagement во случајот со својот TikTok клон, а тоа е Reels. The Wall Street Journal неодамна објави дека TikTok е далеку пред Instagram Reels во дневната гледаност.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Софтвер

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Read more

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Read more

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Read more

WhatsApp добива AI chatbot

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе