Семејствата на починати од COVID-19 го тужат британскиот премиер Борис Џонсон

Лондон, 7 март 2021 (МИА) – Британскиот премиер Борис Џонсон се соочува со тужба од околу 2.000 семејства кои загубиле еден или повеќе членови на нивните семејства поради коронавирусот.

Досега во Велика Британија од COVID-19 починаа 124.419 лица, што е најголем број на смртни случаи во една европска земја. Велика Британија, притоа, е петтата земја во светот според смртноста, веднаш зад САД, Бразил, Мексико и Индија.

Весникот Daily Mail денеска пишува дека новоформираната група „Ожалостени семејства кои бараат правда“ сака да ја принуди владата да спроведе јавна истрага за начинот на кој Велика Британија се бори против пандемијата.

Група адвокати овој месец ќе им пишат на министрите за да ги информираат дека се спроведува судска постапка пред Високиот суд.

Досега Џонсон одбиваше да нареди експертско истражување на владиниот одговор на пандемијата на коронавирусот, бидејќи прво сакал да се намали ризикот од нови инфекции.

Адвокатите велат дека огромен број Британци умреа „непотребно, поради грешки на владата“ и дека истрагата мора да се спроведе и поради човековите права, пишува лондонски Times.

Оваа група ожалостени семејства сакаат да спречат повторно да има голем број смртни случаи, и по тој повод тие напишаа порака на нивната веб-страница: „Членовите на семејствата и државата заслужуваат одговори“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе