Северна Кореја лансираше две балистички ракети

МАКФАКС
/ 19.07.2023 / 08:13

Северна Кореја лансираше две балистички ракети во правец на исток во средата рано наутро по локално време, и се чини дека двете паднале надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, изјави јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада, пренесуваат агенциите.

Првата ракета достигна височина од 50 километри и имаше домет од 550 километри, додека втората прелета 600 километри исто така на височина од 50 километри, изјави Хамада за новинарите.

Јапонија поднесе протест против лансирањето ракета преку дипломатски канали, рече тој.

Лансирањето се случи речиси една недела откако Северна Кореја ја тестираше својата најнова интерконтинентална балистичка ракета, Hwasong-18, во она што Пјонгјанг го опиша како предупредување до Соединетите држави и другите противници.

Лансирањето во средата дојде еден ден откако американска подморница со балистички проектили со нуклеарен погон ја посети Јужна Кореја за прв пат од 80-тите, пренесе Reuters.

Лансирањето од Северна Кореја претходно беше потврдено од Јужна Кореја. Односите меѓу двете Кореи моментално се во застој, додека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повикува на забрзан развој на оружје, вклучително и нуклеарно оружје. Како одговор, Сеул и Вашингтон ја зајакнаа воената соработка, пренесува AFP.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе