Шлаканица за Пикси и Србија: Павловиќ ја избра Германија

Макфакс/Кајгана
/ 12.03.2024 / 15:01

Александар Павловиќ во иднина дефинитивно ќе го носи дресот на германската репрезентација. Големиот талент на Баерн, кој има и српски пасош, ќе добие покана од селекторот Јулиан Нагелсман за пријателските натпревари овој месец, пренесуваат германските медиуми.

Иако првично требаше да игра за германската репрезентација до 21 година, Нагелсман го повика Павловиќ на местото на соиграчот од Баерн, Леон Горецка.

Со ова практично пропаднаа надежите на Фудбалскиот сојуз на Србија, чија делегација предводена од селекторот Драган Стојковиќ минатиот викенд во Минхен се обиде да го убеди 19-годишниот фудбалер да игра за земјата на неговите родители.

Пикси разговарал со родителите на Павловиќ, но се чини дека ниту тоа не помогна. Павловиќ реши да игра за земјата во која е роден и во која гради фудбалско име.

Оваа сезона Павловиќ одигра 12 натпревари за Баерн во Бундеслигата и 2 во Лигата на шампионите. Под водство на Томас Тухел, тој се етаблира во стандарден член на првиот тим.

Палвовиќ би требало да дебитира за Германија на 23 март, на гостувањето кај Франција.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе