АВСТРАЛИЈА ОПЕН 2023

Шок во Мелбурн: Испадна првата носителка Ига Швјонтек

Светската тенисерка број еден, Ига Швјонтек, како и американската тинејџерска ѕвезда Коко Гоф, беа запрени во осминафиналето на Австралија опен од две освојувачки на Грен слем титули, Казахстанката Јелена Рибакина и Латвијката Јелена Остапенко.

Актуелната победничка на Вимблдон, 23-годишната Јелена Рибакина, за 89 минути го победи светскиот рекет број еден Ига Швјонтек со 6-4, 6-4 и на тој начин првпат на Австралија опен стигна до четвртфиналето, а трет пат на Грен слем турнирите.

Remote video URL

Нејзина противничка таму ќе биде 25-годишната Јелена Остапенко од Латвија, победничката на Ролан Гарос во 2017 година, која по тој сензационален триумф само двапати го мина осминафиналето на Грен слем турнирите, двата на Вимблдон (четвртфинале во 2017, полуфинале во 2018). Со 7-5, 6-3, Остапенко беше подобра од 18-годишната Американка Коко Гоф, минатогодишната финалистка на Ролан Гарос која ја започна сезоната со серија од 8 победи без загубен сет.

Remote video URL

Рибакина и Остапенко ќе се борат за место во своето прво полуфинале на првиот Грен слем турнир во сезоната, а во четвртфиналето ќе им се придружи Американката Џесика Пегула. Третата носителка ја совлада Чехинката Барбора Крејчикова со 7-5, 6-2 и во четвртфиналето ќе игра против подобрата од поранешната двократна победничка на Австралија опен, Викторија Азаренка, и Жу Лин од Кина.

За Пегула ова е трето последователно четвртфинале на Австралија опен, а вкупно петто на Грен слем турнирите, каде Американката никогаш не ја прескокнала таа пречка.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Тенис

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе