Шокирани и збунети: Данската кралица им ги одзеде титулите на 4 внуци

Данската кралица Маргрета, која по смртта на Елизабета Втора е единствената владејачка кралица во Европа, ги одзеде титулите на 4 од нејзините 8 внуци, соопштија од палатата.

Како официјална причина е желбата на кралицата на децата од нејзиниот најмлад син, принцот Јоаким, да им овозможи што понормален живот. Чекорот следи по слични потези на други кралски семејства во Европа, велат од палатата.

„Од 1 јануари 2023 година потомците на неговото кралско височество принцот Јоаким ќе можат да ги користат само титулите гроф и грофица од Монпезат, а нивните претходни титули принц и принцеза на Данска престануваат да постојат“, соопштија од кралската палата.

Педесет и тригодишниот принц Јоаким има 4 деца од два брака, на возраст од 10 до 23 години.

„Со својата одлука нејзиното величество кралицата сака да создаде простор за четирите внуци за да можат да ја обликуваат сопствената егзистенција во многу поголема мера без ограничувања и обврски формирани од припадноста на кралската куќа“, стои во соопштението.

Ова дојде како шок за мајката на двајцата најстари синови на принц Јоаким, која пред данските медиуми не го криеше нејзиното незадоволство.

„Ова дојде како гром од ведро небо. Децата се чувствуваат исклучено“, изјави грофицата Александра. „Не можам да разберам зошто им се одзема идентитетот“.

Четири внуци на кралицата, родени од престолонаследникот Фредерик, ќе ги задржат титулите, но кога ќе станат полнолетни апанажа ќе добива само идниот крал, принцот Кристијан.

Оваа одлука е донесена во 2016 година.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Живот

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе