Што би се случило со Земјата ако луѓето исчезнат од планетата преку ноќ?

Дали некогаш сте се прашале што би се случило со Земјата ако апсолутно сите луѓе едноставно одеднаш исчезнат? Какво сценарио би се случило со нашата планета, во која насока би се движела таа приказна?

Одговорот на тоа исклучително интересно прашање се обиде да го открие тиктокерот позади профилот learn videos кој се потрудил и го разработил најверојатниот развој на настаните. Па, еве што би следело според неговиот модел:

„Неколку часа откако човештвото би исчезнало, светлата ширум светот би почнале да се гасат бидејќи повеќето електрани работат на фосилни горива. Се разбира, без луѓе би немало кој да се грижи за нив и тие ќе престанат да работат.

Приближно 48 часа откако ќе забележат ненадеен пад на потрошувачката на енергија, нуклеарните централи ќе се префрлат на таканаречениот „безбеден режим“. Ветерниците би престанале да работат, а соларните панели би станале бескорисни поради наслагите прашина.

Така, речиси сите региони, освен оние поврзани со хидроцентрали, брзо би се нашле без извори на енергија. Понатаму, два-три дена откако би ги немало луѓето, повеќето метро станици би биле поплавени бидејќи пумпите не можат да работат без наша интервенција.

Иднината на животните

Оние животни кои некако би успеале да побегнат во природата би се нашле во сосема нова реалност, во брутална битка за опстанок, а веќе нема да има место за „украсни“ раси на кучиња. Тие би исчезнале затоа што, на пример, кратките шепи на булдогот би се покажале како смртоносна маана.

Еден месец по нашето исчезнување, целата вода наменета за ладење на нуклеарните централи ќе испари. А тоа би довело до серија екстремно моќни експлозии и големи катастрофи, многу помоќни од Чернобил.

Милиони животни би умреле од рак, но планетата сепак би можела лесно и брзо да се опорави од радиоактивната контаминација.

По 25 години, три четвртини од плоштадите и патеките би биле покриени со вегетација. А каде што има растенија, има и тревопасни животни. А каде што има плен, има и предатори. Преживеаните кучиња ќе почнат да се вкрстуваат со волци и да влегуваат во некогашните градови.

Без нас воздухот би се прочистил. Во некои градови, видливоста би се подобрила многукратно.

Сепак, градовите како Дубаи и Лас Вегас би биле закопани во песок. Пустината ќе си го земе она што отсекогаш ѝ припаѓало. Исто како и остатокот од природата.

На некои ќе им биде драго што нѐ нема

По 300 години, металните конструкции како што е Ајфеловата кула ќе почнат да се распаѓаат бидејќи нема да има кој да ги бојадиса и да ги заштити од корозија. Сите високи згради ќе паднат, а огромни мочуришта, како оние што ги покриваат САД, повторно ќе се појават.

И на големите морски животни би им било мило да не нè видат повторно. На пример, без присуство на луѓе, популацијата на китови би се зголемила.

После 10.000 години, единственото нешто што би потсетувало на човековото постоење би биле остатоците од камени градби. Ќе има пирамиди, Кинескиот ѕид, планината Рашмор...

За 50 милиони години, пластичните шишиња и парчињата стакло ќе бидат последното нешто што ќе остане од нас, а во следните 50 милиони години и тоа ќе исчезне.

„Да, нашата планета може без нас, но ние не можеме без неа“, заклучува авторот на видеото.

@learnvideos_

Part1/2 Part 2 tomorrow #viral #fy #fyp #coment #like #follow #humans #disappeared

♬ original sound - Learn
@learnvideos_

Reply to @inanckacan Part2/2 new Thema tomorrow #viral #fy #fyp #coment #like #follow #humans #disappeared #learn #part2

♬ original sound - Learn
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Идеја за појадок: Мини крофни од апарат

Read more
Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Read more
Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе