Што се случува со притисокот во гумите во зима?

Пониските температури значат и помал притисок во гумите, затоа подгответе се почесто да ги пумпате гумите во зимските месеци.

Во областите со повеќе снег на патиштата во текот на зимата, постои старо врежано верување дека недоволно напумпаните гуми се подобри за возење на снег бидејќи гумите тогаш имаат поголема контактна површина со подлогата.

Иако ова не е технички неточно (понекогаш, на пример, е корисно за полесно извлекување од песок), всушност никогаш не е безбедно да се вози со низок притисок во гумите, а со тоа и на снег, и ниски температури.

Возењето со недоволно напумпани гуми за време на снежни врнежи ја зголемува веројатноста за несреќа поврзана со пневматиците, покажа студијата на американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Значи, само правилно напумпани гуми подобро „возат“ низ снегот, штедат гориво и ни помалку ни повеќе - траат подолго.

Автомобилските гуми кај повеќето модели на автомобили обично се надувуваат на притисок од 2 до 2,4 бари, а препорачаното ниво за вашиот автомобил, кое обично е означено на налепница некаде на автомобилот (обично на лимот на внатрешната страна или рамката на вратата), треба да да се применува во текот на целата година бидејќи нема различни бројки за лето или зима.

Сепак, надворешната температура сепак влијае на притисокот во гумите, па затоа во зима, кога ќе пристигнат минусните температури, треба почесто да ги проверувате и да ги пумпате гумите отколку во летните месеци, се со цел да се одржи идеалниот притисок, што е еден од најважните фактори за безбедност при возење.

Во лето нема потреба од тоа бидејќи потоплите молекули на воздухот во гумата се движат побрзо и повеќе се „судираат“ една со друга, со што притисокот во гумите се подига на потребното ниво. Меѓутоа, кога температурата паѓа, молекулите на воздухот забавуваат и се „лепат“ една до друга, што резултира со пад на воздушниот притисок и потенцијално недоволно напумпана гума.

Во пракса, многу производители на гуми проценуваат дека гумите губат 0,06 бари на секои 10 степени пад на надворешната температура.

Ако вашиот автомобил има систем за следење на притисокот во гумите, предупредувачкото светло ќе се активира со пад на притисокот од најмалку 25%. Овој систем е особено корисен за следење на притисокот во гумите при ладно време.

Доколку го немате овој сензор, проверете ги гумите откако вашиот автомобил бил паркиран само неколку часа (возењето ја зголемува температурата на воздухот, а со тоа и притисокот во гумите) за да добиете најточни информации за губење на притисокот во споредба со пропишаните.

Не заборавајте да го проверите препорачаниот притисок за предните и задните гуми, бидејќи предните гуми обично пумпаат околу 0,2 бари повеќе од задните гуми поради тежината на моторот под хаубата.

Ако резултатот е под препорачаниот притисок за вашиот автомобил, користете воздушен компресор за да ги надувате додека не го добиете саканото читање. Најдобро е да ги проверувате гумите еднаш месечно, бидејќи кај помалку напумпани гуми со понизок страничен профил, падот на притисокот не се гледа секогаш „на око“ како кај оние со повисок профил.

Други знаци дека гумите може да ви се недоволно напумпани се: воланот се тресе ако само една гума се „влече настрана“ или растојанието за сопирање кога сопирањето е подолго.

Секогаш е подобро да се спречи, отколку да се „лечи“, нели?

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Авто новости

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Read more

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more
 

Автомобили

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе