Шведска разработува три сценарија за епидемијата

Во Шведска остануваат да важат епидемиолошките мерки, а во наредните месеци ќе се покаже дали ќе се зголеми бројот на позитивни случаи.

„Мерките ќе останат сè додека не се вакцинира поголемиот дел од возрасното население“, најави Агенцијата за јавно здравје.

Бројот на случаи на коронавирус во Шведкса порасна во последните недели и се очекува дека тој тренд ќе продлжи откако ќе бидат отворени училиштата, а луѓето ќе се вратат на работа, пренесува Reuters.

„Сите три сценарија укажуваат дека ќе се зголеми бројот на позитивни случаи eсенва“, се наведува во соопштението на Агенцијата за јавно здравје.

Во соопштението се додава дека на повеќе луѓе ќе им биде потребно болничко лекување, но во значително помал број отколку претходно во текот на пандемијата.

Иако во текот на летото имаше мал процент на заразени, властите во Шведска ги повикаа граѓаните да се однесуваат одговорно за да се спречи ширењето на делта сојот, особено во периодот кој следи.

Мерките се однесуваат на ограничувања на јавни настани, изолација на заразените луѓе и препорачуваат да се работи од дома.

„Кога ќе се постигне посакуваниот процент на вакцинација, Агенцијата за јавно здравје ќе ги укине рестриктивните мерки“, се наведува во соопштението.

Досега се вакцинирани 65% од возрасното население.

Читајте наредно: Дали Шведска цело време беше во право за пандемијата?

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе