Склучен договор со банките за обештетување на осигурените депозити од „Еуростандард банка“

Скопје, 3 септември 2020 (МИА) – Фондот за осигурување на депозити денеска соопшти дека е склучен договор со банките за обештетување на осигурените депозити од „Еуростандард банка“.

– Во текот на следните денови, Фондот преку соопштение до медиумите и јавноста ќе ги извести депонентите за точниот датум на почеток на исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити кај банките – исплатувачи и за распоредот на депоненти по банки – исплатувачи. Потврдите за сопственост на депозит ќе се издаваат директно во банките – исплатувачи, кога депонентот ќе дојде во банката за да го оствари правото на обесштетување. Со тоа се постигнува депонентите да не чекаат одделно за подигнување на потврдите од „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај, се појаснува во соопштението.

Банките ќе вршат исплата на средствата само на сопственикот на сметката/законскиот застапник/старател наведен во потврдата, со приложување на важечки документи за идентификација. Во случај на спреченост, ќе се врши исплата на лице кое ќе има полномошно заверено на нотар.

Од Фондот за осигурување на депозити информираат дека при исплата на обештетувањето ќе важи полномошното кое депонентот веќе ги има издадено за располагање со средствата од депозитот во “Еуростандард банка” АД Скопје.

– Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август 2020 година. Во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите вкупни обврски кон банката, појаснуваат од Фондот.

Рокот на исплата на обесштетувањето е 36 месеци од денот на почеток на исплатата. По истекот на овој временски период, граѓаните кои не успеале да го остварат своето право, ќе може тоа да го сторат преку Фондот за осигурување на депозити.

Доколку износот на обештетувањето е еднаков или поголем од 5.001 денар, тогаш преносот на средства ќе се врши преку трансакциска сметка на депонентот во банката-исплатувач.  Доколку депонентот нема отворено трансакциска сметка во банката-исплатувач, тогаш тоа ќе му биде направено согласно законските прописи.

Доколку износот на обесштетувањето е еднаков или помал од 5.000 денари тогаш од наменската сметка на Фондот во банката-исплатувач ќе се изврши готовинска исплата на средствата за обесштување, доколку депонентот до тој момент нема отворено трансакциска сметка во банката-исплатувач.

Во случај депоненот да има активни блокади евидентирани во Единствениот регистар на трансакциски сметки, тогаш банката нема да изврши готoвинска исплата на средствата за обесштетување и ќе отвори трансакциска сметка на име на депонентот на која ќе изврши пренос на средствата за обесштетување.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе