Скромната Lada доби бугарски луксузен редизајн

VAZ 2101 се произведуваше од 1970 до 1988 година и е добро познат на љубителите на автомобили во регионот.

Легендарната Lada во суштина беше модифицирана верзија на FIAT 124, кој беше прогласен за „Европски автомобил на годината“ во 1967 година.

Бидејќи е направен во Советскиот Сојуз, пред сѐ за клиенти во тогашните комунистички земји, внатрешноста на Lada 2101 беше скромна и неупадлива.

Тјунинг студио од Бугарија покажа дека овој автомобил сепак има потенцијал за нешто повеќе од евтино превозно средство за граѓаните од Источна Европа, а резултатот е неверојатен.

Компанијата GB Design ја подобри внатрешноста на моделот VAZ 2101 по повод неговиот 50-ти роденден, па скромната Lada беше трансформирана во возило чиј ентериер може да се спореди со најлуксузните возила од тој период.

Според Autoclub.bg, ентериерот е тапациран со најдобра кожа, а инсталирана е и нова инструмент-табла, секако во ретро стил.

Седиштата се позајмени од Toyota и се тапацирани со кожа, а има и потпирач за раце меѓу возачот и совозачот, како и нов аудиосистем.

Воланот е исто така во ретро стил и е направен од дрво.

Потребни беа четири месеци посветена работа да се направи еден ваков автомобил од скромната Lada, а GB Design вели дека станува збор за уникатна модификација.

Фановите на класичната Lada дефинитивно ќе уживаат во фотографиите.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Авто новости

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more
 

Автомобили

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе