Смрт, болест и очај: Реалноста во турскиот град Антакија по разорниот земјотрес

Земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари беше невидена катаклизма, најлоша во последните сто години, пишува Euronews.

Јужниот турски град Антакија и неговите жители се меѓу најтешко погодените. А некогаш бил важен трговски центар и трет по големина град во Римската империја. Но, разорните земјотреси не поштедија речиси ништо.

Касим Гундуз е еден од жителите на градот. Неговото семејство е разорена од катастрофата. „Мојата сопруга се вика Шефика, ја бара, но не ја најдов. Бевме во брак 52 години“, раскажува Касим.

Тој за Euronews изјави дека сега најверојатно ги чека нејзините посмртни останки. Телото на неговиот син е извлечено од урнатините и е во пластична кеса во близина. Целиот свет му се сруши.

„Помагам. Го извлеков телото на снаа ми, таа беше без глава“, вели неговиот сограѓанин Мехмет Елмачи. „Мојот девер и нивната мала ќерка сè уште се под урнатините.“

Се влошуваат санитарните услови

Антакија, или древна Антиохија, е основана во 300 п.н.е. и доживеала неколку катастрофи низ историјата. Неколку пати градот бил уништен и обновуван.

Но, кога земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот, сите беа затекнати. Помошта полека пристигнуваше во првите денови по трагедијата.

Мехмет успеал да се спаси, но не се сеќава како излегол од урнатините. Тој рече дека од земјотресот морал да спие во својот автомобил со сопругата и седуммесечен син.

Без струја, вода и тоалети, преживеаните се во голем ризик. Заразните болести како шуга и колера брзо се шират, а секој ден се случуваат последователни потреси.

Во првите неколку часа по земјотресот, низ урнатините се пребаруваше само по преживеаните -  шокирани, повредени и без никакво искуство во тоа. Потоа дојдоа волонтерите. Ердем, градежник од Истанбул, веднаш се упатил кон Антакија штом слушнал за земјотресите.

„Се обидов да го направам тоа што требаше да се направи. Успеав да спасам една мајка. Успеав да спасам и едно момче и неговата постара сестра“, рече Ердем, жалејќи се што не спасил повеќе.

Гнев кон Анкара

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека земјата не можела да се подготви за таква трагедија. Но, не сите во Антакија се согласуваат со тоа.

„Првиот ден кога дојдовме овде, сакавме да бушиме, но не најдовме генератор или пневматска дупчалка. Немаше агенција за итни случаи или службеник овде“, рече жителот на Антакија, Ибрахим Халил.

„Вториот ден пристигнаа машини. Овие луѓе ми рекоа дека не можат веднаш да работат затоа што треба да добијат наредба од ‘горе’. И тоа го чекаа. Работата не е организирана ниту се работи како што треба. Ниту еден професионален човек не дојде овде“, додаде тој.

Неколку дена по земјотресот изгледаше како властите да ја немаат ситуацијата под контрола и покрај пристигнувањето на меѓународната помош. Луѓето не се согласуваат околу тоа кој е виновен за хаосот. Некои велат дека се виновни внатрешните поделби, додека други го обвинуваат лошото владеење.

„Доцнењето со помошта не е невнимание. Бидејќи овие багери, камиони и машини дојдоа од други региони, им требаше малку време да стигнат. И сега тие работат одлично“, рече Џемал Гунгор.

„Единствената причина зошто локалните самоуправи не работеа добро беше тоа што им беа намалени овластувањата. Никој не можеше да се движи ни без дозвола одозгора“, вели друг граѓанин.

Поради оваа катастрофа, централизираниот систем на владеење на Ердоган повторно е под очите на јавноста и опозицијата доби силен аргумент да му се спротивстави на овогодинешните претседателски избори, кои, според некои, тој може да се обиде да ги одложи доколку верува дека неговите шанси на освојување трет мандат се намалени.

Сè повеќе мртви

Главните гробишта во Антакија го откриваат вистинскиот обем на катастрофата. Нема доволно простор за погребување на мртвите, па властите одлучија да ископаат масовна гробница во предградието на градот. Се земаат примероци од ДНК од неидентификувани тела за еден ден семејствата на соодветен начин да се простат од своите најблиски.

Потрагата по преживеани траеше многу подолго од она што се смета за можна временска рамка за преживување. И имаше преживеани во урнатините. Меѓу нив е и Фатма, 25-годишна бегалка од Сирија. Избегајќи од ужасите на војната во својата татковина, таа преживеала под урнатините 140 часа. Сега таа доби нова шанса, како и целиот град, за нов живот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе