ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Солскјер не мисли на титула: Никој нема да се сеќава кој бил прв на 12 јануари

Норвешкиот стратег на клупата на Манчестер Јунајтед стои мирно на земја. Не гаи шампионски амбиции иако неговиот тим, изненадувачки, моментално е на делба на лидерската позиција во Премиер лигата, а со барем бод утре ќе избие сам.

По 17 одиграни кола во Премиер лигата на првото место се Ливерпул и Манчестер Јунајтед со по 33 бода. Ако од Ливерпул сите очекуваа таков пласман, тоа дефинитивно не важи за тимот од „Олд Трафорд“.

Оле Гунар Солскјер е свесен дека неговиот тим во реалноста не е рамо до рамо со Ливерпул, иако бодовите моментално покажуваат такво нешто.

„Па не сме стигнале ни до половина од сезоната, а воедно секој премиерлигашки натпревар е предизвик, тие се тестови сами по себе. Секој натпревар е различен. Вотфорд ни беше тест, Барнли е тест, Ливерпул е уште еден таков, потоа одиме кај Фулам кој е поинаков тест“, објаснува Солскјер зошто не треба никој во Манчестер да летне во облаци со замисла за титула.

„Никој нема да се сеќава како изгледала табелата на 12 јануари 2021 година. Имаме добар моментум, почнавме добро по разочарувањето со Сити, се вративме со победа и се разбира дека повторно сакаме да направиме ваков моментум“.

Јунајтед утре патува на гости кај Барнли со кој треба да го одигра одложениот натпревар од 1. коло. Со победа ќе осамне прв пред Ливерпул. Потоа, в недела следува директниот дуел со Ливерпул и тоа на гости.

„Ако победиме во вторник тогаш ќе имаме два позитивни натпревари по поразот и во наредниот натпревар ќе влеземе со самодоверба. Секој премиерлигашки натпревар е шанса за зголемување на самодовербата“

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе