Спасовски: МВР доби информација откако ракометарот Тот се наоѓал на Клинички, претходно нема никаква пријава

Министерството за внатрешни работи добива информација откако ракометарот Даниел Тот се наоѓа на Клиничкиот центар, а претходно нема никаква пријава за нарушен јавен ред и мир пред објектот во Градскиот парк, појасни вечерва Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски во гостување на емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, зборувајќи за убиството на ракометарот Даниел Тот, појасни дека пријавата во Брзата помош е утрото во 3 и 30 часот од вработена во објектот, додека во МВР пријавуваат од Клинички во 4 и 11 минути дека е примено лице, пронајдено во бесознание на јавна површина, и дека од тој момент се вклучува екипа од МВР и започнуваат активности и дејствија за расчистување на случајот.

– Во ниту еден момент не е застанато со истрагата и покрај тоа што од Клиничкот центар е укажано дека нема видливи траги на наилство, колегите од МВР продолжуваат со прибирање на докази и ние практично во рок од 24 часа го откриваме целиот случај и обезбедени се сите материјали, меѓу кои и од камерите на „Сејф сити“ и се предадени на ОЈО, изјави Спасовски.

Снимката што ја виде јавноста, Спасовски појасни дека е од сосема друг агол, додека сите снимки се извадени и од објектот и од „Сејф сити“ и се предадени на ОЈО. Од нив, според Спасовски, може да се види кој се учествува во настанот.

– Постојат очевидци и сведоци кои се повикани на разговор и се земени изјави. Секако ќе се прави вештачење на облеката и предметите на сега починатиот, како и таа на сега осомничените и сите тие ќе бидат дел од доказниот материјал на предметот, изјави Спасовски.

Прашан дали ќе се бара одговорност и од сведоците, кои како што може да се види од снимката, не преземале ништо и не го пријавиле случајот, Спасовски рече дека секој еден што има каква било одговорност ќе биде санкциониран, како и дека ќе се ценат сите аспекти преку ЈО.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе