Squad е мал соларен електричен автомобил идеален за градски гужви

Холандската компанија Squad Mobility сака да ја понуди услугата Mobility-as-a-Service па го претстави својот соларен електричен автомобил за две лица, наречен Squad, на CES во Лас Вегас.

Squad беше претставен во форма на прототип, додека производството ќе започне кон крајот на оваа година.

Денес воопшто не е невообичаено да се види еден патник во голем автомобил, а на прометните улици автомобилите заземаат многу повеќе простор отколку човек, што е сѐ поголем проблем. Градовите ширум светот се соочуваат со овој проблем, кој бара усвојување на системи за масовен транзит, што исто така ќе помогне да се намали загадувањето.

Remote video URL

Зголемената популарност на електричните возила може да има влијание врз загадувањето, но големите возила остануваат на патиштата. Со цел електричното возило да има што поголем досег, производителите инсталираат сè поголеми батерии, што исто така влијае на зголемувањето на големината на возилото. Сепак, холандската компанија Squad Mobility со седиште во Бреда сака да го прекине тој тренд во автомобилскиот сектор со своето мало соларно електрично возило наречено Squad.

Според тврдењата на компанијата, интегрираниот соларен панел на покривот на Squad може да обезбеди опсег од 22 километра на сончев ден во Холандија, додека во посончевите области како Лас Вегас тој домет може да се зголеми на нешто повеќе од 30 километри. Возилото се напојува со четири заменливи батерии, кои обезбедуваат домет од 100 километри.

Компанијата е уверена дека просечниот корисник кој патува на работното место или продавница нема потреба воопшто да го полни Squad. За корисниците кои бараат повеќе простор, Squad Mobility планира да произведе малку поголема верзија наречена L7, која ќе има место за две деца во задниот дел или за складирање на багаж и торби.

Squad е придвижуван од мотор од 4 kW, додека максималната брзина е 45 км/ч, што е повторно идеално за градско возење. Опремен е со алуминиумски тубуларен кафез и структура која штити од предни и задни судири.

Испораките се очекуваат во 2025 година, а целосната цена на соларниот автомобил со две батерии и досег од 50 километри е 6.250 долари, но не вклучува врати и клима. Цената со овие „додатоци“ се искачува на 9.300 долари.

Компанијата прво ќе испорачува автомобили во Холандија, а потоа ќе се движи кон исток и југ. Планот е да се воспостави модел на микро-фабрика, односно монтажен погон поблиску до клиентите. На овој начин, наместо да испорача целосно склопен автомобил по море, Squad Mobility всушност ќе испорачува одредени компоненти, додека други ќе ги набавува локално. Ова ќе го намали негативното влијание врз животната средина, а во исто време ќе ја подобри достапноста на резервните делови.

Во иднина, компанијата сака да ги нуди своите возила на кампуси, хотели, одморалишта, забавни паркови и терени за голф како услуга.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе