ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Србија ги претстави дресовите за Катар, навивачите поделени

Фудбалскиот сојуз на Србија ги објави дизајните за новите дресови во кои „Орлите“ ќе настапат на Светското првенство во Катар.

Новите дресови, домашната и гостинската варијанта, предизвикаа поделени мислења во српската јавност, а се чини мало мнозинство се оние на кои не им се допаѓаат.

Она што веднаш доаѓа до израз е дека на десната страна на градите го нема амблемот на ФСС, туку сега таму се наоѓа орелот од државниот грб.

„Одвојувањето на институционалниот грб од репрезентативниот грб е практика која веќе се спроведува во други федерации (Белгија, Холандија, Франција, Италија...)“, пишува на официјалната веб-страница на ФСС.

„Од друга страна, грбот кој во иднина ќе го краси дресот на националните селекции симболизира и содржи неколку вредности: традиција, страст, посветеност, единство и храброст. Инспириран е од традиционалните мотиви, симболи на нашата земја низ историјата“.

Идејата беше да се создаде уникатна форма која, иако не е хералдичка, има симболична вредност. Централниот дел на грбот е инспириран од штитот пронајден на споменикот на принцот Михаило Обреновиќ, симбол на градот Белград, но и симбол на новата Србија, создадена со херојското ослободување од Отоманската Империја.

Техничкиот дизајн на грбот го направиле најдобрите графички дизајнери на Puma врз основа на упатствата на Фудбалскиот сојуз на Србија, мотивирани од вредностите наведени погоре.

Домашен дрес

„Домашниот, црвен комплет дресови, е инспириран од златната генерација на 'Орлите', која во 2015 година ја врати надежта и гордоста на српскиот фудбал и го освои младинскиот Мундијал во Нов Зеланд победувајќи го Бразил во финалето. Токму затоа новиот дрес има златни детали. Дресот ги претставува корените и сеќавањето на безвременскиот успех на една генерација играчи, од кои многумина денес го носат дресот на најдобрата репрезентација на Србија“.

Гостински дрес

„Puma го усвои истиот дизајнерски концепт за сите национални федерации со кои е технички партнер во најновиот сет на гостински бели дресови, така што во средината на дресот на предната страна има еден вид рамка, односно форма која претставува специфичен симбол за секоја федерација. Што се однесува до дресот на српската репрезентација, геометриската форма на рамката во средината на дресот одговара на контурите на централниот дел на новиот грб на фудбалските репрезентации на Србија“, објаснува ФСС.

„Puma вложи максимални професионални напори да ги реинтерпретира националните мотиви од фудбалот, културата и природата со нов, во некои области револуционерен дизајн, комбинирајќи ги на таков начин што секој дрес ќе го направи близок до народот и репрезентацијата“.

„Броевите и презимињата на играчите требаше да бидат златни, но поради прописите на ФИФА, потребен е контраст, па бојата ќе биде peacock сина, иста како и на претходниот бел комплет“.

На задната страна на јаката за прв пат се наоѓа кириличен натпис „Орлови“ (орли на српски), како што е прекарот на репрезентацијата.

Србија на Мундијалот во Катар е во групата Г со Бразил, Швајцарија и Камерун.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе