КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Српски b92: Еликсирот на младоста на Пандев и најголемата приказна на стартот на квалификациите

Почетокот на европските квалификации за Светското првенство во Катар ни донесе неколку неочекувани резултати и огромни изненадувања.

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Имаше особено интересни исходи од земјите од некогашната голема Југославија, пред сè пријатни.

Секоја чест за Хрватска што стана светски вицешампион пред три години, но очигледно е дека веќе не е единствената што игра атрактивен и добар фудбал на овие простори, пишува Милош Симановиќ во неговата анализа за b92.net.

Србија игра симпатично под водство на селекторот Драган Стојковиќ Пикси, Словенија покажа дека може, исто како Црна Гора и Босна и Херцеговина, но најголем хит е Северна Македонија, нагласува тој.

Еликсирот на младоста на Пандев

Симановиќ скока неколку групи за да дојде побрзо до „најголемите херои по три кола - Северна Македонија“.

„Ако фрлите поглед на група Ј се чини дека е наопаку“, шеговито анализира Симановиќ и продолжува дека „Македонците приредија сензација во Дујсбург со победа над Германија“ и „беа убедливи со Лихтенштајн (5:0), со несреќен пораз во Романија во самиот финиш, иако се вратија од ‘мртвите’ по два гола заостанување.“

„Тимот на Игор Ангеловски го живее сонот, започна со историскиот пласман на ЕУРО, предводен од ветеранот Горан Пандев. Најголемиот македонски фудбалер во овој милениум ја доживува својата втора младост на 38-годишна возраст, толку многу што не му е туѓо да решава натпревари на највисоко ниво како во Германија. И покажаа дека нема да бидат ‘топовско месо’ на ЕУРО, како што некои предвидуваа“, не штеди пофалби Симановиќ.

Целата анализа може да ја прочитате ТУКА.

реклама

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе