Стогодишен изум на Никола Тесла би можело да се користи во денешните мотори

Се чини дека еднонасочниот вентил за вода без подвижни делови, измислен пред повеќе од 100 години од Никола Тесла, може да се прилагоди за пумпање на течности околу моторот користејќи енергија што инаку би била неискористена.

Тесла го патентирал својот „вентилен (валвуларен) спроводник“ во 1920 година. Тоа е цевка со сложен внатрешен дизајн што ја принудува течноста да се движи во една насока. Кога водата тече кон петелките, таа забавува и протокот застанува. Од друга страна, ако оди во спротивна насока, не влегува во петелките и има слободен проток.

„Внатрешноста на цевката има проширувања, вдлабнатини, испакнатини и прегради кои, иако не даваат скоро никаков отпор на поминувањето на течноста во една насока, освен триење, се скоро непроодна пречка за нејзино течење во спротивна насока“, напишал Тесла во пријавата за патентот.

Експерименталниот физичар Леиф Ристроф од Универзитетот во Њујорк и неговите колеги изградија реплика на вентилот долга 30 сантиметри, следејќи го првичниот план на Тесла и го измерија протокот во двете насоки под различни притисоци.

Иако Тесла тврдел дека неговиот вентил може да го забави протокот на вода до 200 пати во една насока, за разлика од други, репликата направена од научниците го прави тоа само двапати побавно.

„Бил многу имагинативен. Само малку е нејасно дали тој навистина го направил и тестирал тој вентил. Претпоставувам дека го направил, но тоа не е документирано“, рече Ристроф.

Иако ефикасноста на вентилот е многу помала отколку што тврдел Тесла, овој изум сепак би можел да биде многу корисен, пишува New Scientist.

Тимот откри дека нема разлика во отпорноста помеѓу насоките на проток при мала брзина, туку дека вентилот се активира нагло над проток од околу 1 сантиметар во секунда и значително се спротивставува на повратниот проток.

„Овој пронајдок беше познат и можеби бил користен на некои места, или барем бил предложен за употреба. Но, никој никогаш не направил темелна хидродинамичка инспекција за да разбере како и колку добро работи“, наведува Ристроф.

Научниците веруваат дека овој дизајн може да ги искористи вибрациите во моторите и другите машини за пумпање на гориво, течности за ладење, мазива и други гасови и течности.

„Замислете да имате системи кои всушност користат моторни вибрации. Нема подвижни делови, нема што да се скрши“, вели Ристроф.

Студијата Early turbulence and pulsatile flows enhance diodicity of Tesla’s macrofluidic valve на Тесла е објавена во списанието Nature Communications.

Remote video URL
реклама

Наука

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more
 

Гик

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе