Судењето за „Монструм“ продолжува на 21 септември со изнесување докази на обвинителството

На 21 септември со изнесување на докази од обвинителството, треба да продолжи судењето за предметот „Монструм“. На денешното рочиште сведочеа четворица вработени во Министерството за внатрешни работи. Тие ги објаснија процедурите како пристапиле кон извршување на задачите на 12 април 2012 година кога беа убиени момчињата и рибарот на брегот на езерото во близина на селото Смилковци, кога им било јавено за настанот.

Бидејќи се поминати осум години од убиството, сведоците за дел од настаните се сеќаваа, но за делот што обвинителите и судиите прашуваа за тоа кој пријавил за најдената „Опел Омега“, одговор не можеа да дадат.

Последниот сведок, кој сè уште е вработен во Центарот за известување при МВР кој бил на работа на 13 април 2012 година рече дека не се сеќава дали преку „совесен граѓанин“ или преку „полициска патрола“ било пријавено дека е најдено возило паркирано покрај патот, но се сеќава дека по пријавата постапил според процедурата. Сведокот им посочи на судиите службено да побараат од МВР да им достават листа за тој ден со што би дошле до одговорот како стигнала пријавата до Центарот.

Според адвокатката Дафинка Ивановска, која ги застапува родителите на убиените деца, сведоците го кажале она што е запишано во записниците и службаните белешки кои претставуваа доказен материјал во предметот.

-Нешто посебно што би се истакнало сметам дека нема, затоа што се укажува на тоа, посебно на инспекторите и началниците кои си ја вршеле работата по нивните протоколи и правилници, од аспект како ја организирале работата, во соодност и содејство со јавниот обвинител и со истражен судија кој ги дава наредбите што да се превземе, како што е обезбедување на доказите од Смилковското езеро кое било обезбедено веднаш после дојавата на настанот после 22:30 часот, истакна Ивановска. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Хроника

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Read more

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Read more

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе