Таксист го вратил загубениот паричник на Нојер и добил бедна награда: Ова е потсмев

Германскиот голман Манул Нојер пред неколку недели го изгубил паричникот во такси, а иако чесен таксист го нашол паричникот и го вратил кај единицата на Баерн, на крајот го обвини дека е скржав бидејќи не добил доволно добра награда, пишува Bild.

Се наведува дека споменатата ситуација се случила пред неколку недели и дека Нојер бил сопатник со таксистот Хазир, кој го возел германскиот голман и неговиот пријател до станбена зграда во квартот Лехел. На крајот од смената и додека го чистел автомобилот го пронашол паричникот на Нојер.

„Во него стоеше името и адресата на Нојер“, рекол таксистот, откривајќи дека во паричникот нашол 800 евра во готовина и две картички; Visa Card Platinum и црна Mastercard.

Bild понатаму пишува дека таксистот се обидел да го пронајде Нојер и отишол директно до неговата врата, а откако не го нашол таму, ниту во тренинг центарот на Баерн, решил да му го достави паричникот на неговиот менаџер и му ги оставил податоците верувајќи дека ќе добие подарок каков што заслужува.

URL

Две недели потоа по пошта добил непотпишан дрес од Нојер, што му предизвикало горко разочарување. За својот труд, вели, поминал најмалку 120 километри.

„Оваа награда е шега. Имам четири деца, а со дресот не можам ништо и немам никаква корист него“, рекол таксистот.

Оригинал голмански дрес од Баерн е со вредност од околу 100 евра, многу повеќе од паричната награда која таксистот требало да ја добие според германскиот закон за пронајдени и вратени работи. Но, доколку дресот бил потпишан од самиот Нојер, чесниот таксист ќе можел да го продаде и да заработи некоја пара. Вака, само поседува вреден дрес од кој нема корист.

Германскиот закон вели дека пронаоѓачот има право на 5% за вредност од 500 евра. За сѐ друго над тие 500 евра добива уште 3%. Така, бидејќи во новчаникот на Нојер имало 800 евра, на таксистот му следува награда од 34 евра, што е далеку помалку од вредноста на дресот. Но, во новчаникот имало и две картички, а згора на тоа тактистот минал и најмалку 120 километри за да го врати новчаникот.

Пресудете сами кој е во право.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе