Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје направи хаос во движењето на возилата.
Автомобилот марка „голф“ излетал од булеварот, при што го турнал столбот за регулирање на семафорите веднаш по пешачкиот премин и се качил на жардиниерата.
Семафорите на оваа улица не се во функција.
Засега нема информации за повредени лица во несреќата.