Синоќа попладне, во 15:07 часот, во СВР Скопје пријавено е дека на крстосницата од магистралниот пат Скопје – ГП Долно Блаце и сервисна улица, која го поврзува патот со обиколницата околу Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу минибус Mercedes, со косовски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот Р.Х. од Република Косово, и патничко возило Golf, со скопски регистерски ознаки, управувано од 19-годишниот Ф.И. од Скопје, извести МВР.
МВР соопшти дека Ф.И., Р.Х., како и патниците од минибусот К.А. (67) и В.А.А. (33) од Скопје, Г.М. (45) и Е.М. (75) од Косово, биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, а Ш.Ш. во ГОБ „Св. Наум Охридски“. На Ф.И., Р.Х., В.А.А., Е.М. и на Г.М. им се констатирани телесни повреди, на Ш.Ш. тешки телесни повреди, а К.А. починала од добиените повреди.
Извршен е увид од СВР Скопје и известен е јавен обвинител, а возачот Ф.И. е лишен од слобода.